Поврзете се со нас

Италија

Буфон ги именуваше сите европски клубови кои ги одбил во текот на неговата богата играчка кариера

Објавено

на

Foto:instagram.com/gianluigibuffon

Џанлуиџи Буфон стави крај на својата долга и блескава играчка кариера на крајот на минатата сезона, па затоа легендарниот чувар на мрежата се уште со свежо сеќавање се навраќа ја она што го мина на фудбалскиот терен.

Буфон во меѓувреме се приклучи во таборот на Лучијано Спалети и работи во италијанската фудбалска репрезентација, но додека правеше ретроспектива на клубовите кои ги смени во својата кариера, Џиџи ги наброја и сите оние кои ги одбил, од кои посебно се издвојува Рома поради тоа што двапати бил блиску до престолнината.

– Најпрво во 2001-ва година бев многу биску до Рома. Ме делеа само детали, но на крајот не се случи. Потоа бев блиску и до Барселона, а на крајот завршив во Јуве. Во 2005-та година имаше уште еден странски клуб кој многу ме сакаше, но не сакав да навлегувам во преговори.

– Во 2011-та година повторно бев блиску до Ррома, нешто се скрши меѓу мене и Јувентус. За среќа, Конте пристигна во клубот и така го потврди мојот статус во Јувентус.

– Вториот пат кога се враќав во Јувентус, исто така бев многу блиску и до Аталанта. Тоа беа мои избори. Париз беше мој избор, враќањето во Јувентус исто така, играњето во Серија Б за Парма…… Им ги објаснувам овие работи на моите деца и се надевам дека ќе извлечат нешто добро од моето фудбалско наследство, – објаснува Буфон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни