Поврзете се со нас

НБА

Денвер повторно ги преслуша Лејкерс, Ембид броеше до 50 во триумфот на Филаделфија

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/nuggets

Актуелниот НБА шампион Денвер ја продолжи победничката серија во плејофот и оствари гостинска победа над Лос Анџелес Лејкерс, додека Филаделфија и Орландо стигнаа до прва победа пред своите фанови.

Никола Јокиќ и неговите соиграчи одиграа квалитетен меч во Ел-Еј и на истиот победија со 105:112, со што сега имаат предност од 3:0 во серијата и се блиску до втората рунда.

Српскиот центар постигнал 24 поени, со 15 скокови и 9 асистенции, додека најефикасен во неговиот тим бил Гордон со дури 29 поени. Дејвис со 33 и Џејмс со 29 поени биле најдобри реализатори во домашниот тим, но тоа не му помогна на тимот на Лејкерс да избегне незгоден пораз во третиот натпревар.

Филаделфија го победи Њујорк со 125:114, а Џоел Ембид постигнал дури 50 поени за својата екипа. Брансон со 39 поени се истакнал во редовите на Њујорк, а гостите и натаму водат со 2:1 во пресрет на четвртиот натпревар.

Банкеро го предводеше Орландо до прва победа (121:83) во серијата со Кливленд, реализирајќи 31 поен, додека Ален и ЛеВерт со по 15 поени биле најдобри поединци во гостинскиот состав, кој во моментов води со 2:1 во серијата од НБА плејофот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни