Поврзете се со нас

Свет

Се сели на Апенините: Димитријевиќ се договорил со италијански великан

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ игра на навистина високо ниво во дресот на Уник Казањ, партии кој ќе му овозможат преселба во уште поголема, поквалитетна средина.

Како што стојат работите плејмејкерот во наредната година ќе го гледаме во Италија, а со тоа и во Евролигата затоа што последните информации велат дека тој успеал да постигне договор со Олимпија Милано.

Се работи за 30-кратен италијански шампион кој во својата историја има забележано и доста успеси во европските купови. Имено „Еurodevotion“ од свои извори дознава дека операцијата наскоро треба да биде комплетирана, а Македонецот со популарните „манекени“ ќе потпише тригодишен договор.

Тој ќе биде прво засилување за бековските позиции за кампањата 2024/2025.

Само за потсетување Нено во актуелнава сезона беше прогласен за најдобар играч во ВТБ лигата за основниот дел, додека лани го понесе признанието за МВП на плејофот во кој го предводеше Уникс до титула.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни