Поврзете се со нас

Шпанија

Белингам ја прослави првата титула во Ла Лига со најсаканата личност во животот (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Џуд Белингам бележи стратосферски напредок како играч на Реал Мадрид и оствари бројки кој никој не ги очекуваше, особено кога е голгетерскиот ефект во прашање.

Англичанецот ги изненади сите со својата брза адаптација во Реал и влијанието кое го имаше врз тимот на Карло Анчелоти, а неполни 12 месеци по неговиот трансфер, се израдува и на првиот трофеј во Ла Лига.

Реал Мадрид вчера и математички ја завери титулата откако Барселона претрпе пораз на гостувањето кај Џирона, па иако Карло Анчелоти им го одложи шампионското славје на своите ѕвезди, фудбалерите не останаа рамнодушни на успехот.

Првотимците на Реал симпатично ја прославија 36-та титула во Ла Лига во подтрибинскиот простор на „Бернабеу“, а Белингам ја прослави првата титула со најважната личност во својот живот, односно својата мајка.

– Шампиони на Шпанија! ХАЛА МАДРИД, – порача Белингам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни