Поврзете се со нас

Италија

Бокшиќ со трансфер предлог до „старата дама“: Јувентус треба да го доведе играчот кој е бакнат од Бог

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Алан Бокшиќ своевремено беше еден од најпосакуваните напаѓачи во италијанскиот фудбал и ден денеска важи за еден од најдобрите играчи во хрватската историја, а како име кое посебно се прослави и на „чизмата“, поранешниот напаѓач реши да испрати еден совет до Јувентус.

Клубот од Торино влезе во турбулентен период и веќе трета сезона го бара вистинскиот пат за излез од кризата, па јасно е дека пласманот во Лига на шампиони ќе биде голем плус за избраниците на Макс Алегри.

Во оваа фаза од сезоната вистинска непозната е дали Макс ќе биде тренер на Јуве и наредната сезона, но Бокшиќ кој одигра една сезона на „Деле Алпи“ смета дека идеално решение за натпреварување како Лигата на шампионите ќе биде ангжман на Лука Модриќ.

– Лука Модриќ е играч кој е бакнат од Бог, тој е персонификација за фудбалот. Го препорачувам Лука за секој клуб во светот, па така и за Јувентус.

– Не знам дали Лука со сигурност ќе го напушти Реал за два месеци, но сигурен сум дека во неговите нозе има уште две години врвен фудбал, без оглед на возраста. Модриќ не би можел сам да ја надокнади големата разлика меѓу Интер и Јувентус во овој момент, но би помогнал многу во развојот на такво нешто, – вели Бокшиќ во интервјуто за „Газета“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни