Поврзете се со нас

Свет

Атанасов со убав гол ја круниса импресивната победа на Краковија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/MKSCracoviaSSA

Составот на Краковија од кој дел е нашиот репрезентативец Јани Атанасов имаше импресивна партија, победа над Горник Забже во првата лига на Полска.

Гостинскиот тим се бори за врвот на табелата, титулата, но доживеа вистински потоп на овој дуел губејќи со 5-0.

Домаќините водеа со 2-0 по првото полувреме, потоа набрзина од 53 до 68 минута дадоа уште два за да во 84 минута точка на шоуто стави Атанасов со убав, атрактивен погодок.

Ова за Јани беше петти гол во кампањата во која има забележано и два асистенции.

Со 36 гола Краковија е на 12. место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни