Поврзете се со нас

Англија

Тиаго Силва постигнал договор со својот следен клуб

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Престојот во Европа на Тиаго Силва се ближи кон својот крај, а бразилските медиуми веќе ја открија и неговата следна дестинација.

Дефанзивецот ќе го одработи својот договор со Челси до крајот на актуелната сезона, а потоа ќе се врати во Бразил и ќе биде член на Флуминенсе.

Добро информираниот „Глобо Еспорте“ објави дека Силва веќе се согласил на двегодишен договор со тимот од Рио и таа информација наскоро ќе биде потврдена и официјално.

Бразилскиот фудбалер ќе може да му се приклучи на новиот тим од јули, што значи дека би му помогнал на Флуминенсе во вториот дел од сезоната во првенството и во евентуалната нокаут завршница во Либертадорес купот.

По неколку симболични обиди во Европа, Силва пристигна во Милан во 2009 година токму од Флуминенсе, а потоа настапуваше уште за ПСЖ и неговиот актуелен клуб Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни