Поврзете се со нас

Англија

Арсенал со „тројка“ до нова победа во Премиер лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/Arsenal

Фудбалерите на Арсенал се во победнички ритам во Премиер лигата каде попладнево славеа над Борнмут со 3-0 и со тоа во моментов се зацврстија на првото место на прволигашката табела.

Избраниците на Микел Артета постигнаа голови во вистинско време и сега имаат четири бода повеќе од второпласиранот Манчестер Сити кој пак има одиграно два натпревари помалку од „топчиите“

Резултатот на „Емирејтс“ беше отворен во 45 минута од страна на Сака кој беше сигурен реализатор на најстрогата казна од 11 метри.

Во 70 минута Тросар зголеми на 2-0 за да во судиското продолжение точка на 26. сезонски триумф стави Рајс.

Арсенал до крајот на сезоната му гостува на Манчестер Јунајтед и го пречекува Евертон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни