Поврзете се со нас

Англија

Бабел за проблемот со кој може да се соочи новиот тренер на Ливерпул: Тие се разгалени…

Објавено

на

foto: twitter.com/LFC

Јирген Клоп си оди од Ливерпул по крајот на оваа сезона и клубот веќе го обезбеди неговиот наследник кој доаѓа од Холандија, а неговото име е Арне Слот.

Слот успешно го води/водеше Феенорд во изминативе години, негува офанзивен и атрактивен фудбал со што и го привлече вниманието и сега ќе добие шанса во еден од најголемите светски клубови.

Ама ќе биде најголемиот предизвик за него во кариерата што може да биде проблем ако Ливерпул, навивачите не му дадат доволно време за да се наметне, покаже што знае и умее.

Имено Рајан Бабел кој своевремено беше дел од премиерлигашот направи споредба на Слот со Ерик Тен Хаг кој беше фантастичен во Ајакс пред да премине во Манчестер Јунајтед за да сега се поставуваат многу прашања/прашалници околу неговиот квалитет, знаење, сбособности со оглед на досега постигнатото.

-Холандски менаџер природно ќе сака да игра фудбал, особено ако биле во првите три во Холандија. Но, во Премиер лигата важат различни правила.

-Ерик Тен Хег направи многу добра работа во Ајакс, играчите што ги имаше таму навистина можеа да ја извршат неговата визија и тоа го направи да изгледа добро како тренер. И сега тој е во Манчестер Јунајтед, исто така голем тим. Сакаше да ја примени својата визија, но, поради некоја причина, таа навистина не дојде и сега луѓето се прашуваат дали е навистина добар менаџер или не.

-Значи, добра линија е да се види дали новиот тренер има состав за веднаш да ја реализира својата визија. Новите тренери секогаш природно имаат време, прашањето е колку време добива Слот? Ливерпул е разгален со филозофијата и ерата на Јирген Клоп. Мислам дека ако има нешто помалку, тогаш фрустрацијата ќе започне многу, многу брзо, -порача Рајан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни