Поврзете се со нас

Франција

Мбапе им се заблагодари на сите посебно во ПСЖ, освен на најважниот човек во клубот (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_inside

Килијан Мбапе вчера го прекина медиумскиот молк и за првпат јавно се огласи за својата иднина, порачувајќи им на фановите на ПСЖ дека овој викенд го игра последниот натпревар на „Паркот на принцовите“.

Француската ѕвезда соопшти дека става крај на својата седумгодишна етапа во ПСЖ и дека си оди на крајот од сезоната, но при долгото обраќање, се обиде да не заборави ниту еден важен член кој беше дел од неговиот пат во француската престолнина.

Прво и основно, Мбапе им се заблагодари на фановите, ги издвои и соиграчите, но поединечно ги именуваше и тренерите со кои соработуваше, како и двата спортски директори.

Килијан ги спомена Унаи Емери, Томас Тухел, Маурисио Покетино, Кристоф Галтие и Луис Енрике, но не ги заборави и директорите Леонардо и Кампос за кои порача дека секогаш биле на негова страна.

Интересно, француските медиуми го изанализираа обраќањето и посочија дека Мбапе не спомена само една важна личност во својата проштална порака, а тоа е првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи.

Иако во последните неколку месеци успеаја да го стабилизираат односот, Насер и Килијан имаа многу тензични моменти изминатото лето, па повеќе од јасно е дека тоа оставило трага кај Французинот кој реши да не го спомене претседателот во своето обраќање до јавноста.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни