Поврзете се со нас

Италија

Фабрегас го внесе Комо во Серија А после 21 година и со уникатен говор предизвика лудило во соблекувалната (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Como_1907

Комо по пауза од 21 година се враќа во италијанската фудбалска елита и ќе биде дел од Серија А, откако вчеравечер стана вториот тим кој обезбеди промоција оваа сезона.

По Парма, Комо е вториот тим кој обезбеди место во најсилното друштво, а овие бројки беа математички обезбедени откако тимот на Сеск Фабрегас одигра 1:1 против Косенца, а Венеција загуби од Специја.

Поразот на Венеција значи дека Комо го обезбеди второто место на табелата, по што започна големо славје на теренот, но и на трибините на кои се најдоа Тјери Анри и Џејми Варди како специјален гостин.

Анри е инвеститор во италијанскиот клуб и пред две години се приклучи на амбициозниот проект, во кој иако како тренер се води Осијан Робертс, одговорен за сите технички и тактички работи е Фабрегас.

Шпанецот не може да се води за прв тренер на хартија поради тоа што се уште не УЕФА-про лиценца, но тоа набрзо ќе го добие и јасно е дека ќе биде лидер на Комо во првата сезона во Серија А после повеќе од две децении.

– Прво и основно, честитки! Навистина имавмте шампионска сезона. Но, утре во 10 часот наутро ќе имаме тренинг. Ќе ви кажам една работа пред да одиме да славиме со фановите: Билдајте сила, оваа година е само почеток. Оваа година е загревање, следната година ќе мора да бидеме поефикасни и повеќе да работиме. А, сега, како што ви ветив: Сакате ли да одите на Ибица? , – порачал Фабрегас, по што настанало лудило во соблекувалната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни