Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ блиску до дабл-дабл, Уникс загуби во Краснодар (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ губат со 2-1 во полуфиналната серија против Локомотив Кубањ во ВТБ лигата.

На првиот меч во Краснодар, актуелниот првак доживеа пораз од 89:83 и сега е во негатива во оваа серија во која и наредната средба се игра на истиот терен.

Уникс беше подобар во првите 20 минути (47-44), но вториот дел им припадна на домаќините и на тој начин сега се поблиску до наредната фаза.

Македонскиот репрезентативец, Димитријевиќ имаше добар настап со 19 поени, 8 асистенции и 2 скока, поефикасен од него беше само центарот Рејнолдс со 24 кошеви, 6 скока и 2 асистенции.

Вајт и Милер за победниците искомбинираа 35 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни