Поврзете се со нас

Англија

Вилијан: Не размислувам да му помогнам на Арсенал со победа над Сити

Објавено

на

Foto:twitter.com/FulhamFC

Бразилецот Вилијан своите најдобри фудбалски партии ги понуди како член на Челси, а потоа направи изненадувачки трансфер во Арсенал и мина една сезона во Северен Лондон.

Бразилецот не се прослави во Северен Лондон и по една година се пресели во Коринтијанс, за потоа повторно да се врати во Премиер лигата и веќе втора сезона да ги брани боите на Фулам.

Вилијан игра во извонредна форма како важен дел од тимот на Марко Силва, а бидејќи се наоѓа во ситуација со победа да му помогне на Арсенал во битката за титулата, Бразилецот привлече големо внимание со одговорот кој го даде.

– Да бидам искрен, не размислувам да му помогнам на Арсенал, или на било кој клуб. Мора да мислиме само на нас, мора да одиграме најдобро што можеме за да имаме шанси против Сити. Ова ни е последен меч на домашен терен и ќе дадеме се од себе за да го победиме против Сити.

– Остваривме две победи над големи фаворити оваа сезона и веруваме дека можеме. Ќе биде многу тешко, Сити за мене е најдобар тим во светот, но ако сме сплотени, може да направиме нешто специјално , – изјави Вилијан во пресрет на денешниот меч меѓу Фулам и Сити кој се игра во 13:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни