Поврзете се со нас

Свет

Генијалниот Димитријевиќ со страшно издание го однесе Уникс во големото финале, цела сала му скандираше „МВП“ (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/unicsbasket

Ненад Димитријевиќ прерасна во вистинска кошаркарска суперѕвезда во Русија, а во тоа можеа повторно да се уверат сите оние кои го гледаа полуфиналниот натпревар меѓу Уникс Казањ и Локомотив Кубањ.

Двата тима играа „мајсторка“ за пласман во големото финале во ВТБ лигата и Уникс се избори за шанса да го брани трофејот, пред се благодарение на играчот кој лани беше избран за МВП.

Нено ја покажа својата класа кога беше најпотребно и го водеше својот тим до голема победа, а со учинокот кој го оствари беше убедливо најдобар играч на паркетот.

Македонскиот репрезентативец запиша 31 поен, 6 скокови и 6 асистенции во победата од 92:87, па натпреварот го заврши со индекс 39, што беше убедливо највисок на натпреварот.

За да биде уште подобро за Македонецот, цела села во Кубањ на крајот од натпреварот му скандираше „МВП“, што доволно говори какво мислење имаат Русите за генијалниот Нено.

Уникс втора година по ред ќе игра во финалето во ВТБ лигата, а противник повторно ќе биде тимот на ЦСКА Москва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни