Поврзете се со нас

Шпанија

Перез го „откачил“ Макрон: Мбапе нема да игра на Олимписките игри во Париз

Објавено

на

foto:twitter.com/realmadrid

Килијан Мбапе наскоро треба да биде промовиран како нов фудбалер на Реал Мадрид, а неколку недели наназад се дебатира за темата околу неговиот настап на Олимписките игри во Париз.

Французите посакуваат да можат да сметаат на својата најголема ѕвезда како еден од фудбалерите на возраст над 23 години и со тоа да атакуваат и на олимпиското злато на домашен терен, но Реал Мадрид нема многу симпатии кон ваквата опција.

Работата отиде дотаму што францускиот претседател Емануел Макрон лично лобираше кај Флорентино Перез и Реал за да му дадат зелено светло на Мбапе, но шпански „КОПЕ“ тврди дека претседателот на шпанскиот шампион одбил ваква можност.

Самиот Мбапе посакува да настапува на Олимписките игри, но Реал Мадрид како негов иден работодавец го има главниот збор, затоа што клубовите немаат обврска да ги ослободат фудбалерите за овој турнир.

Истовремено, игрите се одржуваат на крајот на јули и почетокот на август, па Реал не ни помислува да остане без најважното засилување во овој дел од подготовките.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни