Поврзете се со нас

Германија

Легендата на Сити дала зелено светло, Баерн конечно ќе го реши тренерското прашање

Објавено

на

Foto:x.com/BurnleyOfficial

Баерн Минхен повеќе од два месеци е во потрага на тренер кој ќе го води тимот наредната натреварувачка сезона, а после три добиени „корпи“ од Алонсо, Нагелсман и Рангник, се чини дека баварците се пред целосно решавање на тренерското прашање.

Последните информации кои пристигнуваат од Германија и Англија се навистина оптимистични кога се работи за преговорите кои ги започнал Баерн со Барнли, клуб кој по се изгледа нема да му прави проблеми на Венсан Компани да го доживее најголемиот предизвик во својата кратка тренерска кариера.

Компани од пред два дена прерарсна во приоритет број еден на баварците, а последните информации велат дека легендата на Манчестер Сити дала зелено светло за реализирање на зделката, по што недостасува да се комплетира само завршрниот чекор.

Имено, Баерн постигнал вербален договор со белгискиот стручњак и овој дел од операцијата е комплетиран, па сега на Баерн му преостанува да се договори со Барнли околу висината на отштетата.

Компани нема преголемо искуство и неговиот Барнли оваа сезона испадна од Премиер лигата, но луѓето во Баерн веруваат дека тој е вистинскиот човек за водење на тимот кој се очекува да доживее поголеми промени претстојново лето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни