Поврзете се со нас

Европски првенства

Мартинез објасни зошто Роналдо се уште е лидер и клучен играч за Португалија

Објавено

на

Роберто Мартинез направи избор и го соопшти списокот на играчи на кои ќе смета за Европското првенство, список на кој имаше место за неколку ветерани меѓу кои најзвучно име дефинитивно е Кристијано Роналдо.

Роналдо е блиску до 40. година од својот живот, но тој и понатаму е важен за националниот тим, поточно Мартинез верува дека се уште има клучна улога во португалската селекција која дефинитивно на хартија важи за еден од топ фаворитите за пехарот на шампионатот во Германија.

-Што се однесува до Кристијано Роналдо, мислам дека е подобро да зборуваме за статистика. Играч кој постигнува 42 гола на 41 натпревар за својот клуб покажува континуитет, физичка способност секогаш да биде фит и квалитет пред голот што навистина ни се допаѓа и ни е потребен.

-Не правиме избори врз основа на тоа каде играат играчите. Сакаме да го создадеме најдобриот тим и да ги повикаме 26-те играчи кои го сочинуваат најдобриот тим. Ги следиме индивидуалните перформанси на играчите и улогата што ја имаат во соблекувалната. Има играчи кои имаат споредни улоги во важни соблекувални и други кои имаат важни улоги во помалку силни соблекувални. Од март 2023 година до сега, имаме многу информации, -порача Роберто.

Инаку ова за Кристијано ќе биде шесто ЕП.

Роналдо ќе ја предводи Португалија на ЕП, двајца играчи се родени по неговиот прв настап за националниот тим (ФОТО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни