Поврзете се со нас

Евролига

Трансфер бомба во Шпанија: Хезоња го менува Реал со Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/RMBaloncesto

Марио Хезоња предизвика потрес на шпанската кошаркарска сцена, откако постигнал договор со Барселона и ќе настапува за најголемиот ривал на неговиот досегашен клуб.

Договорот на Хрватот со Реал Мадрид истече и двете страни не успеаја да дојдат до компромис за продолжување на соработката, при што шпанските медиуми тврдат дека главен проблем биле финансиските услови.

Барселона успеала да го убеди Хезоња да потпише за каталонскиот клуб и тоа четиригодишен договор, за кој хрватскиот играч ќе заработува по 3 милиони евра по сезона.

Според ова, Хезоња ќе биде еден од најплатените играчи во Европа и ќе заработува на нивото на играчи како Шејн Ларкин, Мајк Џејмс и Кендрик Нан.

Со ваквиот епилог, Хезоња се враќа во клубот каде настапуваше меѓу 2012 и 2015 година, односно пред преселбата во НБА лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни