Поврзете се со нас

Франција

Де Ѕерби ќе преземе великан од Франција

Објавено

на

Роберто Де Ѕерби се раздели со премиерлигашот Брајтон по крајот на натпреварувачкаат 2023/2024 и сега е во потрага по нов тренерски предизвик.

Тој се поврзуваше со многу големи клубови во изминатиов период, месеци, меѓутоа ниту една од тие најавени опции не се реализираше и сега на крај може да заврши во Франција во еден од најпознатите, најдобрите клубови-тоа е Олимпик Марсеј.

Поранешниот европски првак го посакува Де Ѕерби, стратегот е отворен за соработка и последните вести се дека двете страни си подале рака за договор до 2027 година.

Клаузулата изнесува 6 милиони евра и се очекува да се пронајде решение за да се комплетира операцијата и Италијанецот да слета на „Велодром“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни