Поврзете се со нас

Репрезентација

Андреевски го објави поширокиот список на играчи за ЕП до 18 години

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Предводникот на македонска кошаркарска репрезентација до 18 години, Горан Андреевски го објави поширокиот список на играчи за јуниорскиот Евробаскет, Дивизија Б.

Се работи за турнир кој се игра од 26. јули до 4. август, турнир за кој се повикани 32 играчи кои ќе се борат за место во финалниот ростер и за националниот дрес.

Првата прозивка е закажана за 13. јуни (четврток), со почеток во 13:00 часот, СРЦ Кале (голема сала).

Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, а потоа ќе го нагости тимот на Црна Гора на пријателски двомеч. Романија е следна на календарот на оваа селекција за уште еден двомеч на гостински терен. Густиот распоред во месец јули ќе се комплетира по уште еден пријателски двомеч, против соодветната селекција на Швајцарија, во Гевгелија.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

1.    Митев Матеј – Водно Санс
2.    Стефан Сапроновски – Борец
3.    Лука Марјанович – Вардар
4.    Сергеј Младеновски – Вардар
5.    Ристе Букрлишев – Кожув
6.    Огнен Анастасовски – Гостивар
7.    Горазд Митев – Работнички
8.    Андреј Чадамов – Еуро Никел
9.    Никола Јаничиќ – Купер Интернационална Академија, Орион Интернационално Училиште, САД
10.    Димитар Зетов – Феникс 2010
11.    Дино Лазарев – МЗТ Скопје
12.    Ѓорѓи Кузмановски – МКК Куманово
13.    Глигор Цаневски – МКК Куманово
14.    Марко Црнокрак – Работнички
15.    Сергеј Петровиќ – Феникс 2010
16.    Коста Кириловски – Водно Санс
17.    Бојан Величковски – МЗТ Скопје
18.    Габриел Петровски – ТФТ
19.    Дарјан Димовски – Водно Санс
20.    Амар Грбовиќ – Феникс 2010
21.    Давид Петрушевски – Новипиу Кампус Пиемонте, Италија
22.    Атанасиј Трајанов – Водно Санс
23.    Илин Најков – Вардар
24.    Јордан Кузманов – Кожув
25.    Дамјан Ивановски – Феникс 2010
26.    Стефан Стојковиќ – Феникс 2010
27.    Бојан Димитриев – Водно Санс
28.    Марко Лукановски – Вардар
29.    Арт Шабани – Црн Дрим
30.    Христијан Ванчов – Феникс 2010
31.    Филип Николов – МЛП Академија Германија
32.    Андреј Стојановски – Феникс 2010

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни