Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ го комплетираше првиот трансфер во летниот преоден рок

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Францускиот шампион ПСЖ остана без Килијан Мбапе, но амбициозното раководство најави дополнителни засилувања, со кои тимот на Луис Енрике ќе атакува на сите потенцијални трофеи во различните натпреварувања.

Денеска, ПСЖ го комплетирал и првиот трансфер за овој преоден рок, па засилување за составот од Париз ќе биде рускиот голман Матвеј Сафонов.

25-годишниот голман доаѓа од редовите на Краснодар и ќе треба да му биде конкуренција на Џиџио Донарума, кој останува прв голман на францускиот состав.

Шпанецот Арнау Тенас веројатно ќе биде испратен на заем во друг клуб за да собира искуство и минутажа, па токму Сафонов ќе може да се надева на одредени шанси од Луис Енрике во текот на сезоната.

ПСЖ ќе плати 18 милиони евра за голманот, а за Краснодар тоа е нов клупски рекорд, откако претходно заработи 9 милиони евра од Локомотив за потписот на Федор Смолов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни