Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров: Се надевам дека ќе ги разбудиме старите спомени од Вараждин!

Објавено

на

Македонија мина доста добро на ждрепката која денеска се одржа во Загреб и ги дозна противниците за Светското првенство наредната година, а судбината посака нашата најсилната селекција повторно за збирно место да го има Вараждин.

Овој град буди добри спомени за македонските ракометни фанови и за сите оние кои го следат овој спорт подолги години, бидејќи генерацијата предводена од Кирил Лазаров оствари фантастични резултати на Светското првенство кое се играше во 2009-та година.

16 години подоцна, Кире во улога на селектор ќе го води македонскиот тим во истиот град, а откако дознавме дека ривали ќе ни бидат Унгарија, Гвинеја и Холандија, со изјава за епилогот се јави и Лазаров.

– Од прв и втор шешир добивме доста квалитетни репрезентации. Секако дека можеше да добиеме уште поквалитетни противници, но треба да бидеме задоволни пред се со фактот дека ќе играме во Хрватска/Вараждин и ќе имаме огромна поддршка од нашите верни навивачи.

– Сите имаме добри спомени од Вараждин и се надевам дека повторно ќе биде така. Имаме доста време да се подготвиме квалитетно за Светското Првенство, – изјави Лазаров.

Македонската фаланга одигра клучна улога на турнирот кој се одигра пред 16 години, па за очекување е истото да се повтори и на почетокот на 2025-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни