Поврзете се со нас

Мото ГП

Маркез: Потпишав за Дукати само поради еден човек

Објавено

на

Марк Маркез вчера потпиша двегодишен договор со фабричкиот тим на Дукати и наредната сезона ќе го има најдобриот мотоцикл во Мото ГП, нешто што го покажа праксата во изминатите две-три сезони.

Италијанскиот тим сериозно напредуваше и сега има убедливо подобар мотоцикл од традиционалните гиганти Хонда и Јамаха, па токму тоа го натера осумкратниот шампион да ја заврши својата авантура во Хонда и да се пресели во Гресини.

Повеќе од јасно е дека трансферот во Гресини ќе биде само преоден чекор и пробен тест за шпанскиот мотоциклист, кој многу брзо докажа дека нема проблеми да се адаптира на новите услови и новиот мотоцикл.

Поради тоа, вчера доби доверба од Дукати и наредната сезона ќе биде обоен во црвено, па уште отсега најавува дека во 2025-та година ќе нема алиби и дека ќе ја нападне шампионската титула.

– Вчера наутро го потпишав договорот со Дукати, договорот е на две години. Го добив најдобриот мотор и најдобриот тим во моментов. Го добив мотоциклот кој победува, во моментов нема побрз мотор од оној на Дукати. Следната сезона мора да се бориме за титулата. Четири години се опоравувам од повреди и резултатите не беа посакувани и имав проблеми со самодовербата.

– Јас сум во Дукати само поради Џиџи Далиња, имаме многу директен и искрен однос. Тој е човекот кој направи овој тим да победува. Кога седнавме да зборуваме, му реков дека ќе бидам дел од Дукати само ако и тој планира да остане дел од тимот, – открива Маркез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни