Поврзете се со нас

Свет

Рафиња за бруталната порака од Роналдињо: Ова е изненадување, удар за нас…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Пред нас е Копа Америка, натпреварување во кое меѓу главните фаворите дефинитивно е селекцијата на Бразил без разлика што минута низ промени, турбулентен период кој носи незадоволство и меѓу легендите како што е Роналдињо.

Некогашната ѕвезда на Барселона, ПСЖ и Милан беше брутално искрен како никогаш досега и порача дека националниот тим е далеку од посакуваното ниво и не планира да гледа ниту еден меч на Копа Америка.

Роналдињо распали: Ќе си одам од Бразил, нема да гледам ниту еден натпревар на репрезентацијата!

Оваа изјава дефинитивно допре до играчите, па Рафиња имаше можност да даде прв коментар.

-Тоа беше изненадување не само за мене, туку и за сите. Верувам дека мора да знаеш многу повеќе од мене. Никогаш не дал таква изјава. Секогаш покажуваше поддршка. Тој изненади многу луѓе. Го сметам за идол, референца и за сите останати овде во тимот. Сите го гледаат како пример. Ова беше удар за нас. Не се согласуваме, не се согласувам.

-Влегувам во мојата трета година со репрезентацијата и се што гледам овде е посветеност, желба и гордост во носењето на овој дрес. Не се согласувам со она што беше кажано дека просечни играчи го носат дресот. Јас целосно не се согласувам. Секој овде има квалитет и заслуги да го носи дресот. Како што кажа, тоа може да биде (рекламна) кампања или не. Но, тоа е точка сите не изненади поради неговиот говор.

-Од Вини Жуниор дознавме дека Роналдињо деновиве побарал билет да не гледа, па не се поклопува со кажаното. Беше изненадување да се слушне тоа од него. Јас не се согласувам. Бидејќи сум овде, секојдневно ја гледам посветеноста на сите, -истакна фудбалерот на Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни