Поврзете се со нас

Свет

Модриќ доби уникатен подарок од аргентински новинар: Навистина ме трогна со овој дрес (Видео)

Објавено

на

Лука Модриќ е лидер и капитен на хрватската фудбалска репрезентација на уште еден голем турнир, а неговата долговечност прави да биде еден од највозрасните на континенталниот турнир.

Фудбалерот на Реал Мадрид игра на 38-годишна возраст и се уште е клучен фактор во системот на Златко Далиќ, но поради сето она што го направи за фудбалот во изминатата деценија, Хрватот е популарен и во светски рамки.

Аргентински „ЕСПН“ му направи интервју на Модриќ пред премиерата на Европското првенство во Германија, но пред дуелот со Шпанија, Лука доби подарок кој вети дека ќе добие место во неговата колекција од собрани дресови.

Новинарот го изненади Лука и му подари дрес од легендарниот Диего Марадона, гест кој навистина го трогна Хрватот кој остана и без зборови.

– Ова е навистина специјално. Задоволство е да се има овој дрес. Диего е најголем и навистина ме трогна со ова. Не знам што би можел да ти дадам за возврат, можеби мојот дрес после натпреварот, – порача воодушевениот Модриќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни