Поврзете се со нас

Италија

Јувентус ги финишира преговорите со Луиз, во пакет пристигнува и најатрактивната фудбалерка во светот

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/alishalehmann7

Јувентус е блиску до ангажман на Даглас Луиз од Астон Вила, а за реализација на овој трансфер треба да се договорат уште само неколку детали со премиерлигашот.

Бразилецот е проценет на 60 милиони евра, па Јувентус ќе ги испрати МекКени и Илинг Џуниор во спротивна насока, заедно со одредена сума со која ќе треба да се комплетира размената, а фановите во Торино може да добијат и дополнително атрактивно засилување.

Медиумите пишуваат дека реално сценарио станува пристигнувањето на Алиша Леман во женскиот тим на Јувентус, а овој трансфер е поврзан со фактот што Леман исто така е дел од Астон Вила и му е девојка на Даглас Луиз.

Леман важи за најатрактивна и најпопуларна фудбалерка во светот и спортистка која е хипер популарна на социјалните мрежи, што секако оди во прилог и на комерцијалниот дел од евентуалниот трансфер во редовите на Јувентус.

Леман е родена во Берн и е репрезентативка на Швајцарија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alisha Lehmann (@alishalehmann7)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни