Поврзете се со нас

Шпанија

Андонова со асистенција ја заврши сезоната во Шпанија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/LUDfemenino

Македонската фудбалерка, Наташа Андонова забележа асистенција во последниот сезонски меч за Леванте во првата лига на Шпанија.

Леванте ја потврди улогата на фаворит и славеше над Мадрид со 3-0 во меч во кој сите три погодоци паднаа во вториот дел. Резултатот беше отворен од страна на Нунес која биеше одлично со глава по корнерот кој го изведе нашата Андонова.

Потоа стрелаа уште Редондо Ферер и Гонзалес за сигурен триумф кој сепак не беше доволен за Леванте да избори место во Лигата на шампионите, односно остана за еден бод пократок од третопласираниот Атлетико Мадрид кој денеска оствари тешка победа над Вилјареал.

Наташа ја заврши кампањата со 5 гола и 5 асистенции на 28 мечеви во шампионатот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни