Франција
Година за заборав за Асенсио: Ужасната сезона во ПСЖ ја заокружи и со лоша вест во приватниот живот (Фото)
Марко Асенсио пред една година направи голем трансфер во редовите на ПСЖ, но пред да се пресели во Париз, тогашната ѕвезда на Реал Мадрид направи и свадба со својата неколкугодишна девојка.
Офанзивниот фудбале го кажа судбоносното „ДА“ на 8-ми јули, но неполна година подоцна, сега самиот реши да ја извести јавноста за проблемите кои настанале во заедничкиот живот со Сандра Гарал.
Асенсио имаше ужасна прва сезона како член на ПСЖ и воопшто не се адаптираше на новата средина, но очигледно имал и проблеми во приватниот живот.
По низата шпекулации кои се појавија во јавноста за немир во брачните води, сега самиот Асенсио потврди дека ставиле крај на бракот кој го склучија минатата година.
– Добар ден на сите, секогаш сум се обидувал да го држам мојот приватен живот понастрана од медиумите и јавноста. Сепак, поради последните информации кои протекоа за мојот приватен живот, сметам дека е добро да се обратам во прво лице и да ставам крај на шпекулациите, а воедно и да спречам ширење на невистини.
– Пред скоро време и после долго размислување, јас и Сандра решивме да ставиме крај на нашиот брак. Заедно минавме многу убави години и сакам јавно да и се заблагодарам на Сандра за се што доживеавме заедно. Секогаш ќе има посебно место во моето срце како специјална личност со која минав значаен дел од мојот живот. Ви благодарам што ја почитувате нашата приватност, ви испраќам прегратки на сите, – порача Асенсио.
Marco Asensio y Sandra Garal han roto 💔 pic.twitter.com/1e2DUnqS69
— Real Madrid Fans 🤍 (@MadridismoreaI) June 11, 2024
-
Италија18 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија19 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија19 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија13 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Свет16 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија20 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија12 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија10 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)