Поврзете се со нас

Свет

Олимпијакос го прокоцка последниот напад на бизарен начин, ПАО ја освои грчката титула (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/paobcgr

Панатинаикос и Олимпијакос одиграа драматичен петти натпревар од финалната серија на грчкото кошаркарко првенство, а на крајот се радуваа избраниците на Ергин Атаман, кои на најдобар можен начин ја завршија актуелната сезона.

По триумфот во Евролигата, ПАО стана и грчки шампион и тоа со неверојатен пресврт, бидејќи губеше со 0:2, а на крајот го победи најголемиот ривал со 3:2 во финалето.

За да биде послатка победата се погрижи и противникот, бидејќи ја загуби топката на бизарен начин во последниот напад во кој можеше да брка израмнување.

Вилијамс-Гос не успеа да уфрли од аут во предвиденото време за тоа, по што судиите му ја одземаа топката на Олимпијакос, а Панатинаикос го потврди триумфот со резултат 87:82.

Слукас со 29 поени го предводел победникот на овој дуел, додека Питерс со 21 поен бил најефикасен во редовите на Олимпијакос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни