Поврзете се со нас

Балкан

Пикси ликува: 24 години ме чекавте мене!

Објавено

на

Србија вчера победи против Шведска на гостувањето во Стокхолм и го поправи впечатокот од поразот од Австрија, па во доста подобра атмосфера ќе патува за Германија.

„Орлите“ ќе бидат дел од едно Европско првенство првпат после 24 години и судбината посака лидер на тимот да биде човекот кој беше капитен на тимот кој се натпреваруваше во 2000-та година.

Драган Стојковиќ Пикси испиша историја како селектор кој првпат го однел тимот на едно Светско и Европско првенство едноподруго, но бидејќи се наоѓа и во ситуација често да добива критики за лошиот стил на игра на Србија, честопати знае и да ликува после висока победа како онаа вчера на „Френдс арената“.

– Последен пат игравме на Европско првенство пред 24 години, тогаш имавме квалитетна генерација. Сега успеавме повторно да се квалификуваме и тоа беше најважно за нас. Олигледно Србија мораше да ме чека 24 години……

– Нормално е дека се шегувам, но исто така е и факт дека јас бев капитен и лидер на тој тим пред 24 години. Две децении подоцна, имам задача и привлегија да го водам овој тим како селектор. За мене огромна е сатисфкацијата што бев дел од Европско првенство и како играч, а сега и како селектор, – вели Пикси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни