Поврзете се со нас

Формула 1

Вилнев го искритикува Рикардо, одговорот ја остави новинарката без текст

Објавено

на

Photographer Credit Getty Images / Red Bull Content Pool
Photographer Credit Getty Images / Red Bull Content Pool

Жак Вилнев ја освои титулата со Вилијамс Рено во 1997 година, но Канаѓанецот немаше успех во натамошниот дел од кариерата со „Бритиш-Американ рејсинг“, екипа што подоцна ја купи Хонда, а денеска е тим на Мерцедес.

Сепак, за време на гран при викендот во неговата татковина Канада, тој се појави како гостин во емисијата на Скај Ф1 и коментирајќи на прашањето за Даниел Рикиардо, изнесе остра теза.

– Што бара тој сѐ уште во Формула 1? Во последниве години ги слушаме истите работи, дека треба да направат болидот да му одговара повеќе, сиромавиот тој! Не, ова е Формула 1! Можеби треба да се направи таков напор за Луис Хамилтон, за некој што е повеќекратен светски првак, но не и за возач што не може да ја скрати разликата. Ако не можеш, оди си, некој друг ќе го заземе твоето место. Отсекогаш било така во трките, а ова е врвот на спортот. Не можеш да продолжиш натаму бараји оправданија. Дополнително, да не ги коментираме неговите први две сезони, кога беше покрај Фетел кој се обидуваше да иновира нови работи на болидот, а во исто време беше „изгорен“. Исто така, кога возеше со Ферстапен, беше подобар од него половина сезона кога овој имаше 18 години. Нема победено никого потоа,- рече Вилнев во својата анализа.

 

Квалификациите за ГН Канада се покажаа мошне изедначени, со двајца возачи кои поставија идентичен резултат (Расел и Ферстапен), а во нив Рикардо се најде на петтата позиција. Очекувано, новинарите му поставија прашање на австралискиот возач за критиките кои ги доби од Вилнев пред квалификациите.

– Ми кажаа, бидејќи ниту читам, ниту слушам такви нешта. Дефинитивно, постојат луѓе … На кои нема да им дадам внимание. Пласиран сум меѓу првите пет, бев брз целиот викенд, дојдов на две десетинки од пол позицијата, нека јаде г***а,- одговори насмеаниот Даниел кој ја вџаши новинарката што остана без текст.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни