Поврзете се со нас

Евролига

Пантер го напушта Партизан и се сели во редовите на шпански великан

Објавено

на

Foto:twitter.com/PartizanBC

Кевин Пантер долго време е тема за многу шпекулации околу неговата иднина, а неколку угледни новинари сега тврдат дека дефинитивно го напушта Партизан.

Американскиот кошаркар наводно веќе има договор со Барселона и ќе биде големо засилување за шпанскиот великан кој во меѓувреме направи тренерска смена поради слабата последна сезона.

Трансфер бомба во Шпанија: Хезоња го менува Реал со Барселона

„Мундо Депортиво“ пренесе дека Пантер треба да ги мине уште лекарските прегледи за да стане член на Барса, а Партизан нема да му прави проблеми и покрај тоа што има договор на уште една година со „црно-белите“.

Претходно, Барса го промени тренерот и наводно веќе го договорила доаѓањето на Марио Хезоња од Реал Мадрид.

Барселона го договорила наследникот на Гримау

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни