Поврзете се со нас

Атлетика

Шпанска атлетичарка почна прерано да слави, па остана без медал на ЕП во Рим (Видео)

Објавено

на

Атлетиката знае да донесе многу драматични моменти на патеките, а на актуелното Европско првенство во Рим се случи несекојдневен момент кој го привлече вниманието на фановите.

Во главна улога била шпанската атлетичарка Лаура Гарсија-Каро и тоа во трката во брзо одење на 20 километри, во која рутинското потврдување на медал се претвори во големо разочарување.

Гарсија-Каро се приближуваше до целта со очекувања дека ќе го освои третото место и бронзениот медал, а се чини дека прерано почна да го прославува истиот, што беше искористено од една ривалка.

Додека шпанската репрезентативка почнуваше да слави, беше престигната од Украинката Људмила Олјановска, а самиот израз на лицето на Гарсија-Каро јасно опишува каков шок доживеа во тие моменти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни