Поврзете се со нас

Англија

Бентанкур му се извини на соиграчот Сон поради невкусна шега во интервју

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/SpursOfficial

Родриго Бентанкур ќе настапува за Уругвај на претстојното издание на Копа Америка, а во меѓувреме успеа да стана вирален хит поради несоодветна изјава на сметка на соиграчот Хеунг-мин Сон.

Фудбалерот на Тотенхем гостувал во уругвајско тв шоу и на барањето на водителот за дрес од фудбалер на Тотенхем, дал бизарен одговор.

– Дрес на Сони (Сон)?

– Може да биде и на некој негов роднина, бидејќи сите изгледаат исто, – рекол Бентанкур, а видеото од неговиот коментар експресно станал вирален и изнуди извинување од соиграчот на Кореецот.

– Сони брате, се извинувам за тоа што се случи, тоа беше само лоша шега. Знаеш дека те сакам и секогаш ќе те почитувам, – напишал Бентанкур во своето извинување за фудбалерот кој досега го нема коментирано вербалниот инцидент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни