Поврзете се со нас

Олимписки игри

Рубио откри зошто не е дел од шпанската селекција: Ќе беше себично…

Објавено

на

foto: x.com/FCBbasket

Шпанската селекција преку квалификацискиот турнир во Валенсија ќе се обиде да дојде до Летните Олимписки Игри во Париз и тоа со состав во кој не се најде плејмејкерот Рики Рубио.

Рубио имаше сериознио проблеми со менталното здравје и полека почна да се враќа во текот на оваа 2024 година која ја заврши во дресот на Барселона, но и тој самиот признава дека во моментов не знае кој ќе биде следниот негов чекор и дали ќе продолжи да игра кошарка.

-Минатиот понеделник почнаа да тренираат, мислам дека немав доволно време да бидам 100 проценти подготвен бидејќи мојата спортска кариера зависи од ова лето во однос на тоа дали ќе продолжам да играм или не.

-Мислам дека за мене ќе беше себично да играм за репрезентацијата без да бидам 100 проценти подготвен за нив. Требаше да размислувам и за себе во тој момент, -објасни Рики кој има 33 години и се уште може да му даде доста на овој спорт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни