Поврзете се со нас

Свет

Роналдињо распали: Ќе си одам од Бразил, нема да гледам ниту еден натпревар на репрезентацијата!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Бразил продолжува со неконстантните партии и под водство на новиот селектор Доривал Жуниор, а подготовките за Копа Америка натераа една легенда да излезе со жестоки критики за работната етика и за квалитетот кој го покажуваат главните ѕвезди во тимот.

Роналдињо во своето последно обраќање посочи дека е огорчен од изданијата на „кариоките“, па во знак на револт, на одредено време ќе ја напушти родната земја и нема да гледа ниту еден натпревар на Копа Америка.

Бразил на секој турнир влегува како еден од фаворитите на Копа Америка, но Роналдињо не гледа потребна храброст и посветеност во најавата за големото натпреварување во Јужна Америка.

– Работите не одат воопшто добро. Недостасува храброст, недостасува посветеност на играчите, недостасува се во тимот……

– Недостасува и забава и радост на теренот. Бразил треба да игра убав фудбал, но тоа не се случува. Поради тоа, нема да гледам ниту еден натпревар на Бразил на Копа Америка, всушност ќе си одам од Бразил на одредено време во овој период, – изјави Роналдињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни