Поврзете се со нас

Свет

Митревски и Порто ќе се борат за трофејот во Купот на Португалија

Објавено

на

Порто на Никола Митревски обезбеди место во финалето на Купот на Португалија каде ќе ги одмери силите со Спортинг.

Митревски и компанија во полуфиналето беа подобри од составот на Повоа кого го надиграа со 39:30. Фаворитот тргна да го крши отпорот на противникот уште во првото полувреме во кое се стекна со предност од 20:14 за да во вториот дел само ја заокружи, доврши веќе започнатата работа.

Најефикасни играчи на Порто беа Антонио Ареја и Мамаду Диоку со по пет реализации.

Битката за трофејот е закажана за денеска од 18:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни