Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Барселона стана шампион, Ричардсон е МВП на турнирот во Келн (ФОТО)

Објавено

на

foto: x.com/FCBhandbol

Барселона по 12. пат во својата историја ја освои титулата во Лигата на шампионите и тоа откако беше најдобра на завршниот турнир што се одигра во Келн.

Каталонците вчера го прегазија Кил (30:18),  а пак денеска по голема борба го добија Алборг со 31:30 и одново се шампиони на Европа.

Барселона го матираше Алборг во Келн и повторно е број еден во Европа (ВИДЕО)

Овој резултат на Барселона донесе и една престижна награда за бекот на оваа екипа, Мелвин Ричардсон кој беше прогласен за МВП на Ф4. Французинот беше прв стрелец во финалето со осум гола, додека вчера беше автор на пет погодоци.

Камил Шипжак пак со 112 гола го понесе признанието за најефикасен стрелец на сезоната во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни