Поврзете се со нас

Германија

Земјотресот во Дортмунд донесе „две жртви“, нема да остане ниту најголемиот непријател на Терзиќ

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Един Терзиќ ова утро изненадувачки ги извести водечките луѓе на Борусија Дортмунд дека го завршил својот престој како тренер во клубот, посебно прецизирајќи дека на тимот му е потреба промена и свежи мисли во обидот да се врати на победничките патеки по двете разочарувања во изминатите две сезони.

Откако ја загуби титулата во Бундеслигата во посоледното коло во 2023-та година, Борусија на 1-ви јуни загуби од Реал Мадрид во големото финале во Лигата на шампиони, а ова се покажа како последен меч за Терзиќ како предводник на тимот.

Уште пред финалето, стана јасно дека Терзиќ има сериозно нарушен однос со капитенот и ситуацијата со Матс Хумелс стана неподнослива, па самиот стопер постави и ултиматум според кој клубот треба да бира меѓу него и тренерот.

Терзиќ денеска сам реши да се повлече и да му остави простор на друг колега, па иако многумина сметаа дека тоа ќе му го отвори патот на Хумелс за нов договор, до тоа сепак нема да дојде.

Последните вести од Германија велат дека водечките луѓе на Борусија останале разочарани од односот на Хумелс, па откако ја слушнале верзијата на Терзиќ, воопшто не планираат да му понудат нов договор како што првично планираа.

Хумелс на овој начин станува слободен агент, па овој неочекуван земјотрес во Дортмунд заврши со „две жртви“ и најава дека ќе следат важни промени на „Сигнал Идуна парк“, особено ако се земе во предвид дека од тимот си замина и Марко Ројс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни