Поврзете се со нас

ВТА

Паолини ќе ја предизвика Швјонтек за титулата на Ролан Гарос

Објавено

на

foto: x.com/WTA

Јасмин Паолини ќе ја предизвика Ига Швјонтек за титулата на вториот грен слем во оваа календарска година Ролан Гарос.

Италијанката која е 15. на светот успеа во денешното полуфинале да биде подобра од Мира Андреева со 2-0 во сетови. Паолини славеше со 6:3 и 6:1 по 75 минути игра и овој викенд ќе се обиде да дојде до најголемиот успех во кариерата, пехар на Френч Опен.

Меѓутоа предизвикот ќе биде голем затоа што ќе ги одмери силите со Швјонтек кој е во серија од 20 во низа во Париз и ја брка третата титула на овој терен. Само за потсетување Ига денеска рутински ја надигра Коко Гоф.

Разиграната Швјонтек продолжи да гази и обезбеди трето финале во низа во Париз (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни