Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Терзиќ: Имаше само една разлика меѓу Реал и Борусија

Објавено

на

Foto:x.com/BVB

Един Терзиќ втора година по ред доживеа големо разочарување како тренер, бидејќи минатата сезона во последното коло остана без титулата во Бундеслигата, а сега остана покус за триумф и на најважниот натпревар во тренерската кариера.

Борусија Дортмунд не ги искористи своите шанси во првото полувреме и го остави Реал Мадрид во игра, па како многупати досега, видовме друго лице на „кралевите“ во продолжение и тоа беше доволно за победа од 2:0.

Реал Мадрид ја слави 15-та титула во најелитното натпреварување и го потврди статусот на недопирлив тим во ова натпреварување, додека Борусија ќе мора да почека за својата втора титула.

– Мислам дека одигравме многу добро како тим и заслуживме подобро од 0:2. Имавме чувство дека го контролираме мечот, особено во првото полувреме. Игравме против најдобриот тим во ова натпреварување и навистина бевме одлични. Им покажавме на сите дека сме дојдени да победи, е не само да бидеме статисти.

– Разочарувањето е огромно, направивме многу добри работи, но не добивме ништо. Имаше само една разлика, а тоа е следната: Реал Мадрид имаше убиствен инстинкт, а ние не. Не ги искористивме ситуациите кога вршевме притисок, затоа на крајот тие повторно се прваци. Не смееме да се предадеме после овој удар. Дојдовме во огромен број во Лондон и таа вера мора да остане дел од нас во иднина, – изјави Един Терзиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни