Поврзете се со нас

Мото ГП

Пукна „Мото ГП“ бомбата: Маркез ќе биде обоен во црвено наредната сезона (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/MotoGP

Изминативе два дена беа доста раздвижени и возбудливи во Мото ГП, а ова претпладне пристигна и најголемата „бомба“ во „кралската класа“, бидејќи Дукати и официјално соопшти дека од наредната сезона им се приклучува осумкратниот светски шампион.

Хорхе Мартин си договори преемин во официјалниот тим на Априлија, Енеа Бастијанини се договори со КТМ, а тоа автоматски значеше дека Марк Маркез има слободен пат да му стане тимски колега на Пеко Бањаја.

Италијанскиот тим денеска официјално соопшти дека Маркез ќе биде возач за фабричкиот тим од стартот на наредната сезона и ќе го вози мотоциклот со црвена боја, а тоа ќе го прави во период од две години.

– Многу сум задоволен што ќе ги носам црвените бои на официјалното Дукати во Мото ГП од наредната сезона. Се адаптирав од првиот момент кога седнав на овој мотоцикл и од тој момент моја главна цел беше да продолжам по истиот пат. Сега добивам шанса да му се приклучам на Пеко Бањаја кој освои две последователни титули со овој мотоцикл.

– Навистина сум среќен што ќе направам голем исчекор во 2025-та година, благодарен сум за довербата која ми се укажува. За крај, сакам да им се заблагодарам на Надија, Карло, Микеле и на сите во Гресини кои ми ги отворија вратите да му се приклучам на Дукати. До крајот на сезоната приоритет ќе ми биде да дадам се во тимот на Гресини, а потоа ќе следи нова авантура, – изјави Маркез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни