Поврзете се со нас

Франција

Ал Келаифи: Почнува нова ера за ПСЖ, нема повеќе ѕвезди!

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_inside

Пари Сен Жермен пред неколку дена официјално остана без Килијан Мбапе кој беше потврден како нов играч на актуелниот шпански и европски шампион Реал Мадрид.

Со ова се заокружи една приказна на „светците“ со оглед на тоа што Мбапе беше последната голема ѕвезда, остаток од тимот во кој своевремено беа и Лионел Меси, Нејмар…но и покрај сите тие имиња, потрошени пари никогаш не беше остварен главниот сон за освојување на трофејот во Лигата на шампионите.

Сега според претседателот на францускиот првак, Насер Ал-Келаифи ќе започне нова ера во која тимот ќе биде главна ѕвезда.

-Ова е нова ера. Целата моја почит кон Меси, Нејмар, Килијан. Знаеме што направија за клубот. За нас беше важно да ги имаме во тимот. Им посакувам се најдобро во новите предизвици, но за нас ѕвезда сега ќе биде тимот, -порача претседателот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни