Европски првенства
Албанија го зададе првиот удар, но Италија славеше во Дортмунд (ВИДЕО)

Италија со победа над Албанија од 2-1 ја започна одбраната на титулата на Европското првенство што се игра во Германија.
„Аѕурите“ мораа да се потрудат, испотат за да дојдат до посакуваните три бода против аутсајдерот во групата Б во која се уште Шпанија и Хрватска.
Албанците беа тие кои го зададоа првиот удар на „Сигнал Идуна Парк“ и тоа со најбрзиот гол на европските шампионати преку Бајрами во 23 секунда.
Сепак и покрај овој шок, избраниците на Спалети не ја загубија главата и за кратко време се вратија во игра со комплетен пресврт. Веќе во 16 минута резултатот беше 2-1 за фаворитот, резултат за кој најзаслужен беше двоецот на Интер, Бастони и Барела.
До крајот на првиот дел Италијанеците не искористија уште неколку шанси за да по одморот одново првата шанса ја има актуелниот првак преку Киеза.
Истата не беше искористена и Албанија остана во игра што на крајот можеше да се покажа како џек пот затоа што во 91 минута Манај се најде во идеална прилика, меѓутоа Донарума спречи негова радост.
Во второто коло Италијанците играат со Шпанија, додека четата на Силвињо ќе излезе на мегдан со Хрватска која денеска беше надиграна од „црвената фурија“.
-
Италија23 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија18 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија17 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет21 час
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија15 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
ВТА19 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон