Поврзете се со нас

Македонија

Нова титула: МЗТ ја освои Битола и ја потврди доминацијата во македонската кошарка

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје се старо-нови шампиони на Македонија и тоа откако со чисти 3-0 ја добија финалната серија против Пелистер.

Клубот од Аеродром вечерва славеше во Битола со 78:67 и со тоа ја потврди доминацијата во мак-баскетот со оглед на тоа што претходно беше освоен и пехарот во Купот.

Домаќините беа подобри во првите четвртини и на пауза заминаа со 43:39, меѓутоа ситуацијата се промени по одморот каде гостите од Аеродром беа на далеку повисоко ниво, одиграа поцврсто во одбраната, доволно ефикасно во нападот и направија пресврт за славје и 11.шампионско одличје во историјата.

Баковиќ и Гилон реализираа по 15 поени, Петков и Делалиќ имаа по 11, а Војдан 10 кошеви. Костоски и Мијовиќ уфрлија по 19 кошеви.

Признанието МВП заврши во рацете на Дамјан Стојановски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни