Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија го поправи впечатокот во Чешка, но остана без реми во 99. минута

Објавено

на

Фото: ФФМ

Македонската фудаблска репрезентација одигра далеку помотивирано и подисциплинирано на денешното гостување во Храдец Кралове, но остана без заслужена награда поради судискиот критериум кој го наметна Микал Оченаш.

Главниот арбитар од Словачка им досуди два контроверзни пенали на домаќините, од кои оној вториот беше длабоко во судиското продолжение и во ситуација кога играчот на Чешка не беше свртен кон нашиот гол.

Чешка со помош на судијата на крајот победи на генералната проба за Европското првенство, а главната разлика ја направи со двата удари од белата точка.

Првиот го постигна Патрик Шик во 60-та минута по максимално спорен пенал направен од Муслиу, па иако Македонија се врати и израмни преку Алими, на крајот избраниците на Милевски останаа со празни раце.

Судијата едвај чекаше да покаже на белата точка по контактот кој го имаше Велковски со противничкиот фудбалер, по што Барак погоди за 2:1 во 99-та минута.

Ваквиот крај на натпреварот ги остави незадоволни сите претставници во нашиот тим, но резултатот е најмалку важен на еден ваков тест натпревар во кој избраниците на Милевски се покажаа во далеку подобро светло од она пред неколку дена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни