Поврзете се со нас

НБА

Ирвинг конечно стави крај на клетвата наречена „Бостон“ (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/dallasmavs

Кајри Ирвинг беше најголема ѕвезда во НБА лигата откако погоди преку Стеф Кари за шампионска титула на Кливленд, но од тој момент, кариерата на фантастичниот плејмејкер константно беше во надолен пад до оваа сезона.

Ирвинг конечно успеа да се пронајде себеси во Далас и заедно со Дончиќ го предводеа тимот до големото финале, во кое рано утрово ја забележаа и првата победа.

По првите три неуспеси во дуелите со Селтикси, Маверикси не дозволија „метла“ и најзаслужни за тоа беа Дончиќ и Ирвинг, со тоа што овој вториот стави крај на кошаркарската клетва наречена Бостон.

Ирвинг се пресели од Кливленд во Бостон во 2017-та година, но од моментот кога си замина од „Ти-Ди Гарден“, имаше многу непријатни моменти кога играше против оваа франшиза.

По 13 последователни порази откако си замина, Кајри утрово ја запиша првата победа против Бостон, па така стави крај на една голема клетва и негативна серија за паметење.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни