Поврзете се со нас

Репрезентација

Распоред за СП: Почнуваме со најсилниот, завршуваме со најлесниот ривал во групната фаза

Објавено

на

Слободно може да се каже дека ждрепката за Светското првенство во 2025-та година мина во најдобар ред за македонската репрезентација, бидејќи избраниците на Кирил Лазаров добија група по мерка ако се знае какви се моќни ривали можевме да добиеме на извлекувањето во Загреб.

Македонија ќе биде дел од групата Д во која како фаворит влегува репрезентацијата на Унгарија, а Македонија уште ќе игра против Холандија и еден дебитант од Африка.

Селекцијата на Гвинеја за првпат ќе настапува на едно Светско првенство и влегува како апсолутен аутсајдер во нашата група, а распоредот посака Македонија да игра против овој тим во завршното коло од групната фаза.

Претходно, Македонија ќе го отвори турнирот со дуел против фаворизираната Унгарија, додека во второто коло ќе ги одмериме силите со Холандија.

Само за потсетување, на ова Светско првенство три екипи ќе патуваат во следната фаза, па на Македонија ќе и треба само една победа за да се најде во следниот круг.

Поволна вест за нашиот тим е и тоа што натпреварите ќе ги игра во Вараждин, што сигурно ќе биде добра шанса за македонската фаланга да го окупира овој хрватски град.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни