Поврзете се со нас

Англија

Сопствениците на Рома добиле зелено светло да преземат член на Премиер лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/Everton

Компанијата „Фридкин Груп“ донела одлука да го купи премиерлигашот Евертон, со што клубот од Ливерпул ќе добие нови сопственици, предводени од американскиот милијардер Ден Фридкин.

Актуелните газди на Рома решиле да го прошират фудбалското семејство, па Евертон ќе влезе во новата фудбалска групација и тоа откупување на акциите на Фарад Мошири.

Мошири е сопственик на 94 проценти од акциите на „карамелите“ и нивната продажба на Фридкин ќе значи и префрлување на управувачкиот пакет кај американската групација.

За Евертон беа заинтересирани неколку групации и инвестициски фондови, но Мошири решил да ги продаде акциите на „Фридкин Груп“ и на тој начин Американците имаат можност да ја комплетираат зделката.

Евертон последната сезона беше казнет со одземање бодови поради прекршување на финансискиот фер плеј, а со новите сопственици ќе се обиде да ја стабилизира финансиската ситуација и да се врати на позициите посакувани од фановите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни