Поврзете се со нас

НБА

Социјалните мрежи не простуваат: Дончиќ ја игра најлошата одбрана во НБА финалињата (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/dallasmavs

Лука Дончиќ беше трагиачар на третиот меч во финалната серија во НБА лигата, не поради добрите офанзивни потези кои ги прикажа, туку поради лошата дефанзива со која направи да остане без шанса да им помогне на соиграчите во клучните моменти.

Словенецот заработи исклучување во одлучувачките минути и Далас на крајот го претрпе третиот пораз во низа, па сега Бостон е многу блиску до „метла“ и 18-та титула во НБА лигата.

Селтикси изгледаат многу покомпактен и посложен тим во оваа финална серија, а иако Дончиќ на секој од трите натпревари исполни во офанзивен дел, во Америка има многу критики за неговата одбрана, но и за поплаките кон судиите.

Повеќе од јасно е дека Дончиќ не е целосно здрав и дека игра со болки на сите три меча, но според Американците, одбраната која ја игра е неприфатлива за едно големо финале.

Лука во досегашниот тек на кариерата постојано добива критики за недоволно добриот прогрес во дефанзива, а Американците направија и видео компилација од најлошите потези на Словенцеот на претходните два меча.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни